Коњановски: Ефектите од реформите се повеќе од очигледни, резултатите поттик за уште повеќе

Од:

По шест години ефектите од реформите и поддршката во земјоделството се повеќе од очигледни. Но, тука не треба и не смееме да застанеме. Постигнатите резултати мора да бидат поттик за уште повеќе и уште подобро, истакна ресорниот заменик министер Зоран Коњановски на денешната манифестација по повод Денот на пченицата во општина Илинден.

Тој порача дека само здружени, заедно, како тим, државните институции, науката, земјоделците, нивните организации и здруженија можат да направат многу.

– Имаме обврска да го направиме тоа, да креираме политики чија тенденција ќе биде од единица површина да произведеме килограм повеќе храна. Токму преку директната поддршка, кофинансирањето на руралниот развој и носењето нови закони за заштита на растенијата и земјоделците од неквалитетни препарати, сакаме да обезбедиме поголемо производство, нагласи Коњановски.

Тој уште еднаш апелира производителите да ги искористат субвенциите за користиење сертифицирано семе, но и да се насочат кон примена на добра земјоделска пракса и квалитетно ѓубре. – Само така ќе можеме да сметаме на профитабилно земјоделство, намалување на увозот и обезбедување доволно храна, порача Коњановски.

Мора да се создадат, додаде, и услови за обезбедување современа механизација. Во таа насока се измените на ИПАРД програмата кои веќе овозможуваат користење средства за набавка на нови трактори и машини.

Заменик министерот посебно се осврна и на потребата од давање советодавни услуги за земјоделците. Многу скоро, најави, ќе се реализира ваков концепт, на терен, од врата до врата.

Според Огнен Оровчанец, претседател на Агрокомората при Сојузот на стопански комори и сопственик на компанијата „Агроунија“ која го организираше денешниот настан, 30 отсто од родот зависи од употребата на квалитетен семенски материјал. Македонија, оцени Оровчанец, е на добар пат да обезбедува доволна храна за своите потреби.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој потврди дека годинава се очекува добра жетва, со повисоки приноси и подобар квалитет. Родот, додаде, би требало да биде поголем за 1,5 до 2 тона на хектар од лани.

Науката, како што напомена деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Драги Димитриевски, го става на располагање сиот свој потенцијал за  конкурентно, ефикасно земјоделство, за производство на здрава, безбедна и квалитетна храна.

Денот на пченицата беше одбележан во присуство на голем број претставници од Владата, бизнисот, производителите и преработувачите. Имаше и гости меѓу кои и Миша Бабиќ, директор на Институтот „Земун Поле“, еден од најдборите на Балканот. Тој му додели признание „Златно зрно“ на Оровчанец како благодарност за досегашната долгогодишна соработка.

„Агроунија“ уште еднаш ги претстави автохтоните високородни сорти пченица, Осатка, Олга, Балканија, Подобрена оровчанка, Македонска рана, погодни за одгледување на македонското поднебје.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар