Коњановски: Досега инвестирани 19 милиони евра за земјоделството во Струмичко

Од:

Изминатите години, преку субвенции и директна помош, Владата инвестираше околу 19 милиони евра во развојот на струмичкото земјоделство. Како што изјави денеска ресорниот заменик министер Зоран Коњановски по средбата со земјоделците од Пиперево, поддршката во наредниот период ќе биде насочена, пред се, кон развојот на задругарството.

– Новиот закон за земјоделски задруги што е во собраниска процедура е повод за нашата средба и можност директно од земјоделците да ги слушнеме нивните размислувања и барања. Продолжуваме со практиката да ги земеме предвид сугестиите на производителите и да ги преточиме во конкретни политики, рече Коњановски.

Согласно донесената петгодишна Стратегија за развој на земјоделството, Министерството, додаде, како и досега, ќе ги поддржува земјоделците и на сите можни начини ќе се обидува да ги надмине воочените проблеми.

Градинарите од Пиперево имаа можност да ги слушнат инскуствата за задругарството од Драги Памуков, директор на првата земјоделска задруга „Вега Фреш“ од Куклиш. Памуков и заменик министерот Коњановски ги презентираа чекорите за формирање земјоделска задруга.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар