Конференција за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерството ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за економија, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability) и компанијата Делта проект.
На Конференцијата ќе говорат експерти за енергетска ефикасност и зелена енергија, претставници на хотелите во Македонија, на Министерството за економија и на финансиски институции.