Конференција за енергетска безбедност во Западен Балкан

Од:

Во организација на Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) Скопје во соработка со својот партнер Аналитика денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Енергетска безбедност во Западен Балкан – политики и предизвици“.

Целта на конференција е да понуди платформа за дискутирање на енергетската безбедност од гледна точка на јавните политики и геополитиката релеватна за регионот од Западен Балкан и да покрене дискусија за предизвиците на енергетската безбедност и за внатрешната подготвеност за справување со нив.

Идејата е конференцијата да претставува отворен форум за размена на тема енергетска безбедност во Западен Балкан, вклучувајќи го мислењето на различни чинители.

На конференцијата ќе учестуваат преставници од Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН, претставници од академската заедница, граѓанскиот сектор и дипломатијата.

Во рамки на конференцијата ќе биде промовиран трудот подготвен од истражувачите од Аналитика,  Андреја Богдановски и Ана Стојиловска насловен „Состојбата со енергетската (не)безбедност во Македонија“ кој ја анализира состојбата со енергетската безбедност во Македонија и ги идентификува главните прашања кои ја отежнуваат подобрената енергетска ситуација.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски