Конференција: Компаниите да ги препознаат предностите на арбитражата

Од:

Компаниите да ги препознаат предностите на арбитражата, која пак може да придонесе за враќање на довербата во првосудниот систем во државата.

Ова беше порачано на меѓународната арбитражна конференција „Зајакнување на соработката помеѓу деловните партнери преку унапредувањена арбитражното решавање на споровите – арбитражата денес:иницијативи и перспективи“, која Постојниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија ја организира со поддршка на Централно – европската иницијатива (ЦЕИ).

– Арбитражата може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата. Во таа насока, Арбитражата при Стопанската комора на Македонија располага и со капацитет и потенцијал да администрира и решава и до 10 отсто од вкупниот број на стопански спорови во државата. Ефикасноста, квалитетот и стручноста на арбитрите се едни од карактеристиките на арбитражата поради кои компаниите може да ја искористат како корисна алатка со која ќе заштедат време и средства при решавањето на споровите, рече на конференцијата претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража Горан Рафајловски.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески потенцира дека состојбите во системот за решавање на споровите несомнено влијаат и врз економскиот развој на стопанството.

– Компаниите треба да ги препознаат предностите кои ги нуди арбитражата и да го следат чекорот со трендовите на светските компании, кои се почесто своите спорови ги доверуваат на арбитражните судови, рече Азески.

Тој додаде дека во моментот компаниите во Република Македонија се уште претпочитаат своите спорови да ги решаваат пред државните судови.

Азески верува дека оваа состојба може да се промени, но за тоа покрај заложбите на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, потребно е активно да се вклучат и сите чинители во процесот, претставниците од адвокатската фела и бизнис секторот за кои од најголем интерес е да ја договараат и применуваат арбитражата при решвањето на нивните спорови и на тој начин да ги скратат трошоците за решавање на споровите.

На конференција денеска стана збор за арбитрабилноста, која ги означува границите на примена на арбитражните правила, односно дозволеноста по одредени спорови да постапуваат и одлучуваат арбитражните судови, како и на практичните прашања поврзани со арбитражното решавање на споровите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност