Комплексната ситуација, според Заев, причина за исходот од искористеноста на викендот без ДДВ

Од:

Ситуацијата е комплексна и затоа граѓаните штедат и го купуваат она смо што им е неопходно дури и ако им се дозволи 18 проценти поврат на ДДВ, велат дека ќе си го купат она што им треба, рече денеска премиерот Зоран Заев прашан зошто само мал дел од граѓаните го искористиле викендот без ДДВ.

-Прометот некаде е за петпати, а некаде за трипати зголемен во зависност за кои призводи се потрошени парите. Дефинитивно видовме сериозна успешност заради тоа што прометот да биде за петпати зголемен во делот на домашни производи и услуги и посебно компјутерите или таа техника, која сега е потребни за школите и за сите кои работат од дома. Ако граѓаните сугерираат за следен викенд, нема проблем ќе размислиме. Ако мислиме дека тие средства можеме да ги алоцираме и да помогнеме на друг начин ќе го сториме тоа. И да го повториме таквиот викенд за недела-две, не верувам дека граѓаните се подготвени за да прават дополнителенна поголема потрошувачка од својот смееен буџет, тоа ќе го направеа во минатиот викенд, истакна Заев.

Појасни дека доколку се донест мерки каде што ќе треба да се воведе ограничување на групирање на луѓето, како што се во угостителските објекти, парите ќе бидат таму лоцирани за да се помогне и дека тоа ќе биде позначајно отколку самиот поврат на ДДВ-то.

Би можело да ве интересира

ЛДП повторно ја активира идејата „Викенд без ДДВ“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено