Компаниите од енергетскиот сектор ќе доставуваат податоци на месечно ниво до РКЕ

Од:

Компаниите од енергетскиот сектор кои имаат лиценци издадени од Регулаторната комисија за енергетика ќе доставуваат податоци на месечно ниво до регулаторот.

Податоците, како што денеска изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе се доставуваат на посебна веб апликација изработена во соработка со Електротехничкиот факултет во Скопје.

– На овој начин ќе добиваме редовно податоци од компаниите што ќе користат за следење на активностите на сите компании што имаат лиценци и ќе ни овозможат веднаш да реагираме при воочување на какви било неправилности во однос на функционирањето на пазарите. Тоа значи дека какво било прекршување од страна на учесниците на пазарите, оваа веб апликација ќе ни овозможи брза реакција со цел да оневозможиме антимонополско функционирање на овие лиценцирани компании, истакна Бислимовски на денешната прес-конференција.

РКЕ очекува и помош од Франција во делот мониторирањето на пазарите на електрична енергија и природен гас. Како што информира Бислимоски, изминатиот период е остварена посета на Француското регулаторно тело со кое е договорена понатамошна посета, а следната година се очекува нивни претставници да ја посетат нашата држава.

Би можело да ве интересира

Левица нема да го поддржи законот за енергетика поради зголемената либерализација

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Левица: Системска ​​​​​деградација на државната енергетика преку одлив на стручни кадри

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции