Компании од САД заинтересирани за балканската енергетика

Од:

Американски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во земјите од западен Балкан и тоа пред се во енергетскиот сектор, објави Гласот на Америка.

Интересот на американските компании за инвестиции на Балканот беше една од темите на собирот на Германскиот маршалов фонд, на кој сенаторот Кристофер Марфи говореше за политката на САД кон Југоисточна Европа и за потребата за темелни реформи во земјите од регионот.

Тој се заложи за енергетска независност на земјите од Западен Балкан од Русија, оценувајќи дека со откажувањето на проектот „Јужен поток“, дошло до отежнување на енергетската состојба во регионот, но дека тој проблем може да се реши со долгорочни решенија што би можеле да ги понудат САД.

– САД се повеќе извезуваат течен гас и нафта и може да станат алтернативен снабдувач на балканскиот регионот. Точно дека треба да се реши проблемот со транспортот на американските енергенси до Балканот, но во тек се преговори за изградба на целосно нов терминал во Хрватска, рече демократскиот сенатор.

Марфи нагласи дека САД се подготвени да помогнат во потенцијалниот развој на енергетските ресурси на балканските земји, било да станува збор за обновлива енергија, нафта, геотермални извори или евентуална експлоатација на нафта од шкрилци.

– Европејците се воздржани во врска со оваа технологија, но експлоатацијата на нафта и гас од шкрилци во Америка покажа дека не само што таа е можна со мали трошоци, туку и дека е еколошки сигурна, рече Марфи, додавајќи дека американската технолошка помош стои на располагање.

Според Марфи, интересот на американските компании не ги исклучува не нуклеарните централи, како онаа што „Вестингхаус“ ја гради во Бугарија.

– Американските бизнисмени се подготвени да инвестираат во повеќе индустриски сектори, но само во услови на ефикасно владеење на правото и видлива борба против корупцијата. Таму каде што владите ќе понудат сигурност за странските инвеститори, амерканските бизнисмени ќе дојдат со задоволство, рече Марфи.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа