Коморите на Македонија и Србија апелираат за брзa деблокадата на Евзони

Од:

Стопанските комори на Македонија и Србија апелираат што поскоро да се реши проблемот со блокадата на граничниот премин Евзони и да се овозможи слободен проток на луѓе и стоки зашто во спротивно, како што беше речено денеска на Македонско-српскиот бизнис форум, штетите ќе бидат огромни.

– Штети ќе има не само врз македонското стопанство, туку и врз земјите со кои соработуваме. Се надеваме дека ситуацијата ќе има брза разрешница за да не бидат големи директните и индиректните трошоци, изјави извршната директорка на Стопанската комора на Македонија Јелисавета Георгиева пред почетокот на форумот.

Според неа, состојбите на Евзони активно се следат, а Комората испрати и дописи до Грчката амбасада и Унијата на грчките комори.

– Одговорот од грчка страна е дека и тие се залагаат за што побрзо надминување на ситуацијата, информира Георгиева.

Во меѓувреме, додаде, се прават напори и од домашните и од странските институции за изнаоѓање алтернативни патишта. – Битно е солунското пристаниште, но важни се и соработките за излез на други пазари, нагласи Георгиева.

Директорката на Центарот за регионална соработка при Стопанската комора на Србија, Даница Миловановиќ потенцира дека какви било блокади на границите може да го забават растот на размената.

– Се обидуваме да укажеме колкави се штетите и трошоците од ваквите времени пречки. Воедно апелираме да се овозможи слободен проток на стоки и луѓе, нагласи Миловановиќ.

Би можело да ве интересира

Пожар предизвика застој на патот од Солун до Евзони, возилата се пренасочуваа кон Дојран

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Сеничиќ: Системот на граничниот премин „Евзони“ работи, има гужви поради големиот прилив на туристи

Горан Наумовски

„Падна“ системот на Евзони: Долги колони на пеколни температури

Горан Наумовски

ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар на грчка страна, затворен преминот „Евзони“

Катерина Ѓуровски