Комората на северозападна Македонија бара итна деблокада на македонско-косовската граница

Од:

Стопанската комора на северозападна Македонија бара од Здружението на транспортери „Макамтранс“ итно да ја деблокира македонско-косовската граница.

Бизнисмените од оваа комора истакнуваат дека континуирано барале да се преземат конкретни мерки  за изнаоѓање на решение преку институциите кои ги претставуваат двете држави.

– Ниедна блокада на границата не може да се деблокира со нови блокади, затоа секоја иницијатива од овој вид само придонесува кон влошување на ситуацијата, која и така е економско и социјална лоша во земјата. Иницијативите од ваков вид уште повеќе ја зголемуваат иритацијата кај локалното население, која може да се случи многу брзо да ескалира, додека последиците може да бидат различни. Во оваа фаза се бара зрелост кај сите страни и да седнат на маса за да се најде итно решение и оддржливо меѓу владите на двете земји, се вели во соопштението од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Би можело да ве интересира

Извозот од земјава во јануари – февруари изнесува 75.650 милиони денари

А1он

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски