Комисии во МЗШВ ќе ги утврдуваат штетите од невремето

Од:

Владата на Република Македонија доцна синоќа на седница ја разгледа и усвои Информација за невремето од 20 јули 2017 година како и за причинетите штети на земјоделски култури во ресенскиот и тетовскиот регион.

Како што соопшти владината прес-служба, задолжено е Министертството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формира комисии што ќе предложат решенија по поднесените барања за утврдување на настаната штета, од страна на носителите на земјоделски стопанства или организации на производители.

На седницата на Владата била усвоена Информацијата за ратификување на Договорот од Париз за климатски промени.

– Станува збор за ратификација на договор што треба да придонесе кон заштита на животната средина, за којшто постапка била почната, но не се реализирала. Донесена е одлука Министерството за животна средина и просторно планирање да го достави до Министерството за надворешни работи оригиналниот текст на Договорот од Париз, со предлог за покренување постапка за ратификација на Договорот од Париз и образложение, најдоцна во рок од 15 дена, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски