Американската компанија Кола Кола привремено го стопира производството на своите газирани пијалаци во Венецуела поради недостиг на шеќер.
– Нашите доставувачи на шеќер во Венецуела не информираа дека привремено ќе ги прекинат доставките поради недостиг на суровината, изјави портпаролот на компанијата Кери Треслер.
Компанијата ќе продолжи само со производство на диеталните пијалаци Кока Кола лајт и Кока Кола зеро.
Венецуела се соочува со тешка економска криза, со највисока инфлација во светот и недостиг на основни продукти и услуги.