Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Од:

Добро позната и најпосетувана. Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Паралија, познато летувалиште во Грција, избор за одмор и рекреација, со поволни цени и прекрасна песочна плажа.

Името Паралија, (грч. Παραλία), во буквален превод значи плажа, што е главна карактеристика на ова грчко летувалиште кое се наоѓа на 4 км од градот Катерини, во подножјето на планината Олимп. Оваа летна дестинација која е претежно избор за летни семејни патувања се одликува со 3 км долга песочна плажа која го спојува со Олимпик Бич.

Паралија е доста популарна кај семејствата и луѓето кои сакаат навистина летен одмор по пристапни цени во сместување кое што нуди одлични услови за парите, а таков случај е Вила Атина. Главна карактеристика на Паралија е што за разлика од другите летни региони во Грција, мештаните останаа доследни на идејата за сместување на странските туристи (најмногу од Србија, Македонија и Бугарија), по пристапни цени, како на сместувањето, така и на услугите во рестораните, кафулињата и маркетите.

Дополнително, оддалеченоста од Солун (на само 70 км), ја прави Паралија посебно интересна за оние кои сакаат комбинација на пространа песочна плажа и прошетка во туристичка метропола, а посебно чистите плажи и пријатниот амбиент се вистински избор за оваа сезона кога температурите достигнуваат и до повеќе од 40 степени целзиусови.

За оние кои се заинтересирани за одмор кој нуди уживање на песокта и чистото Егејско Море, Паралија нуди долга плажа (околу 3 км), која е со ситен песок и е одлична за сончање, пливање и се карактеризира со пространост, но е одличен избор и за семејства со деца. Водата е плитка, што ја прави одличен избор за децата.

Шеталиштето и локалните продавници се посебно атрактивни поради својата живописност и пристапните цени на текстил и храна, а раздвиженоста во попладневните и вечерните часови го нуди типичниот грчки амбиент на екстра летувалиште.

За оние со поголем авантуристички дух, тика се и еднодневните екскурзии до Метеори или до живописните острови Скијатос и Скопелос. Незаборавните глетки се вистинска атракција која ќе го збогати одморот во ПАралија и ќе им даде дополнителен шмек на одморот и забавата.

За оние кои се вљубеници во природата, прошетките во прегратките на Планината Олимп се посебно возбудливи и исполнителни и пленат со живописни погледи кои никого не оставаат рамнодушен.

Ако сеуште не сте резервирале одмор, сега е вистинско време да одберете сместување во Паралија, а наш предлог е Вила Атина во срцето на Паралија, блиску до прекрасната 3 километарска плажа, а од туристичката агенција ЈК Травел ќе Ви обезбедат и дополнителен попуст за нивниот 18 ти роденден и ќе ви помогнат во целокупната организација на Вашето уживање во Паралија.

 

Би можело да ве интересира

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Трагедија во Грција, 19-годишно момче го загуби животот во луна парк