Кој ќе троши повеќе струја во Албанија ќе плаќа поскапо

Од:

Регулаторниот завод за енергетика на Албанија (ЕРЕ) денеска донесе одлука за цената на струјата за ноември и декември со која домаќинствата кои ќе трошат повеќе од 800 киловат часови електрична енергија месечно ќе плаќаат поскапа струја.

За овие потрошувачи зголемување на цената на енергијата е за 4,4 пати, па така наместо по 9,5 лека, ќе плаќаат по 42 лека за киловат-час.

Цената на снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите кои трошат над овој лимит ќе биде предмет на периодично разгледување, по оценувањето на промените во продажната цена на електричната енергија за крајните потрошувачи на универзалната услуга, се наведува во соопштението.

Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“.

Рама на вчерашната заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, рече дека наметнувањето на овој лимит не значи поскапување на струјата.

– Го слушам постојаното прашање „дали ќе се откажете од зголемувањето на цената на енергијата“. Нема да ја зголемиме цената на енергијата. Никогаш не сум го рекол тоа. Поставувањето на лимит од 800 квч не ја зголемува цената на енергијата. Тоа е поставување плафон под кој секое домаќинство може да ги задоволи сите основни потреби, сите без исклучок, без потреба од повеќе, рече тој.

Додаде дека во земјата има 1,2 милиони домаќинства, а од нив околу 60 илјади трошат повеќе од 800 квч електрчна енергија месечно за греење или ладење, што, како што рече, е сосема поинаква работа во споредба со вокабуларот „поскапување на енергијата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Силен земјотрес ја погоди Албанија