Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Од:

До крајот на април комисијата за избор на нов универзален снабдувач со струја на регулиранио пазар ќе донесе одлука за најповолната доставена понуда на повикот и предлогот да биде доставен до Владата, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој не очекува промени на цената на струјата и по 1 јули кога треба да има нов универзален снабдувач, како што вели, имајќи ги во предвид сегашните параметри и стаблизираната енергетска состојба.

-За универзалниот снабдувач се добиени три понуди, постапката е во тек, комисијата работи и има рок да донесе соодветна одлука до крајот на април за да и предложи на Владата. Граѓаните секако дека ќе имаат универзален снабдувач во предвидениот рок, рече Бектеши на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

На јавниот повик за избор на универзален снабдувач, понуди доставија ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител, и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата, со понудена маржа од 11,4 отсто, ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје со 11,4 отсто, како и група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје, чија понудена бруто маржа изнесува 11,45 отсто.

Според процедурата, по евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација. Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

Будва остана без струја

Горан Наумовски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Црногорците проговорија за регионалниот колапс на струјата: Ова не е забележано 30 години

Предраг Петровиќ

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Поради колапсот со струјата, во Сараево многу граѓани останаа заглавени во лифтовите