Б92 – Белград
Многумина од нас често се прашуваат, колку време е потребно да се збогатам? Дали тоа е 10, можеби 20 години? Ерик Вотсон вели најмалку 32.
Вотсон од Нов Зеланд кој се збогатил од сопствен труд и идеи, врз основа на своето искуство открил од каде се регрутираат милионерите и колку им треба време за тоа.
Неговата статистика вели дека три четвртини богаташи потекнуваат од семејства кои не се богати, а дури една третина од сиромашни семејства, пишува Бизнис инсајдер.
Тврди дека можноста да се стане богат е рамна на статистичка грешка за сите тие кои се помлади од 40 години, такви се само 1 отсто. Нешто над 3 проценти стануваат богари од 40 до 45 година, додека златната животна возраст за финансиска благосостојба е од 56 до 60 години, кога третината ќе се збогати.
Секако се стимулативни приказните за млади кои станале богати благодарение на своите идеи. Пример на такви млади милијардери се Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук или пронаоѓачот на Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин.
Вотсон смета дека светот денес е опседнат со приказни за лотаријата и нивните добитници. Слоганите со кои се привлекуваат играчите кон лесна заработка се многубројни: – Замислете што може доларот, Доларот и сонот, Живеј лото живот.
Постои дури и риалити шоу кое се вика Лотаријата го промени мојот живот, за тоа како животите на добитниците навистина се променуваат.
За жал, брзото богатење е ретка појава. Тоа е јасно од претходните податоци кои покажуваат дека акумулирањето на богатството трае многу долго. Тоа не се случува преку ноќ, дури 80 отсто од нив од оваа студија станале богати по 50 година од животот.
Меѓутоа, постои и таа помалку убава страна на патот кон стекнување на богатство. Голем број на претприемачи доживуваат неуспеси, што се одразува на нивната работа и на нивното семејство. Меѓутоа, тоа е дел од богатството, патот е долг, исклучителен, со многу проблеми и слепи улици.
Тие малубројните кои преживеале како војници, стануваат ветерани во светот на претприемачите и тие добиваат име милионери по своја заслуга.