Коѕиас: Дали Грција останува од еврозоната е погрешно прашање

Од:

Дали Грција останува или заминува од еврозоната – тоа е погрешно прашање, изјави синоќа грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.

Во интервју за радиото „Параполитика 90,1 ФМ“, тој истакна дека „Грција мора да ги искористи сите средства што ги има – вето, европски закони, постапки и сојузи – за да се соочи со сите оние кои веруваат дека решение за нивните проблеми е да да ја притиснат Грција да си замине“.

Според Коѕиас, Грција ќе остане во еврозоната, „затоа што Грција без еврозоната значи дека монетарната унија нема повеќе да постои“.

– Ако ЕУ сака да има иднина и да постои, таа мора да го гарантира функционирањето на два принципи – на правила и правда – и да најде решенија преку компромиси, разговори и преговори, начин на кој треба да се реши грчкиот проблем, истакна шефот на грчката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина