Клиника Жан Митрев се обои во виолетово за одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Од:

Со одбележувањето на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17 ноември, Клиника Жан Митрев повторно се придружикон глобалната иницијатива за поддршка на најмалите борци и нивните семејства. Во пресрет на меѓународниот ден, фасадата на клиниката беше осветлена во виолетова боја, симбол на чувствителност, посебност и надеж за сите предвремено родени деца ширум светот.

Годинава, одбележувањето се одвива под мотото „Силни почетоци за надежна иднина“ (Strong beginnings for hopeful futures), со што се нагласува важноста од обезбедување квалитетна неонатална грижа уште од првите моменти на животот. Целта е да се овозможи секое предвремено родено бебе да има здрав почеток, можност за правилен раст и услови за успешна иднина.

Предвременото раѓање претставува глобален здравствен предизвик, едно од десет бебиња се раѓа пред 37-та гестациска недела, а последиците можат да бидат сериозни и долгорочни, особено за развојот на мозокот, белите дробови и видот. Затоа Светскиот ден на предвремено родени бебиња е посветен на кревање свесност за овие предизвици, на промовирање мерки за превенција и на унапредување на пристапот до современа и семејно ориентирана неонатална нега.

Овој ден ги обединува институции, медицински персонал, родители и заедници ширум светот во повик за подобри политики, постојан пристап на родителите во неонаталните интензивни оддели (NICU) и создавање услови во кои секое бебе може да преживее, да расте и да напредува.

Во Центар за мајка и бебе, кој располага со современа опрема и високо обучен тим, како и Оддел за неонатална интензивна нега (NICU), кој обезбедува третман и згрижување на предвремено родени и ризични новороденчиња, досега се родени над 170 бебиња, природно и со царски рез од кои 20 пред наполнета 37 недела. Центарот нуди целосна грижа пред, за време и по породувањето, овозможувајќи безбедност и поддршка за секоја трудница и новороденче.

Освен симболичното осветлување, Клиника Жан Митрев и оваа година низ месец ноември спроведува активности насочени кон поддршка на семејствата и промовирање на раната нега и едукација.

Со заедничка посветеност и континуирана грижа, можеме да создадеме силни почетоци за сите бебиња родени пред време, почетоци што ќе водат кон надежна и сигурна иднина.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

Симпозиумот „Водичи во пракса“ организиран од Клиника Жан Митрев ги донесе европските упатства преточени во реални клинички одлуки

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Клиника Жан Митрев официјално акредитирана како Европски центар за третман на дебелина – EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM)

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев