Климатските промени не се доволно застапени во македонскиот образовен систем

Од:

Климатските промени се уште не се доволно застапени во македонскиот образовен систем, наставната програма на средните земјоделски училишта воопшто не ги содржи, а само три факултети имаат додипломски, постдипломски и докторски студии на оваа тема, рече денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ.

Во обраќањето на работилницата што ја организира Мрежата за рурален развој по повод проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатските промени”, Димковиќ напомена дека едукацијата е клучна, но, притоа, таргет не треба да бидат само младите, туку и земјоделските производители.

– Климатските промени се голема закана за земјоделскиот сектор. Но, негативните ефекти од драстичните, нагли температурни промени ја кочат и борбата против сиромаштијата и обезбедувањето доволно храна, истакна Димковиќ, дополнувајќи дека во македонија, според анализите, највеќе на удар од поплави се Пелагонија и Струмичка, а од суши Овчеполието и Штипско.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници