Ќе се проширува мерката за системи за наводнување фуражни култури

Од:

Мерката со која ќе се финансираат системите за наводнување капка-по-капка за пченка, сончоглед и сите останати фуражни култури ќе се проширува, за што денеска ќе информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Проширувањето на мерката е резултат на успешното пилотирање на финансиската поддршка за поставување на системи капка-по-капка во 2014 година со која беа предвидени пет милиони денари. На земјоделците кои набавија системи капка-по-капка и успешно аплицираа за поддршка им беше доделена финансиска поддршка во износ од 50 проценти од цената на набавените системи.

Во 2013 и 2014 година проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ја започна иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за модернизација на производството на пченка во Македонија. Како дел од иницијативата беа донирани 120 системи капка-по-капка и беа обучени 120 земјоделци за користење на добри земјоделски практики во одгледувањето на пченка. Овие земјоделци успеаја да ги зголемат приносите на пченка за два до три пати.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници