Ќе се продава алкохол по 19 часот

Од:

Mинистерството за економија подготвува измени на Законот за трговија, објавено е на Единствениот електронски регистар на прописи, ЕНЕР. Целта на предлог-законот е да се укинат ограничувањата во Законот кои беа воведени во 2008 година, а кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало. Основните решенија на предлог-законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови.

„Предложените изменувања и дополнувања во Законот за трговија се во функција на укинување на ограничувањата во Законот кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало, како и уредување на условите за вршење на трговија со необработени дијаманти. Наведените ограничувања го намалија бројот на продажни места преку кои производителите на вино и пиво во земјата го вршеа својот пласман (ова особено во руралните средини), без јасно да се постигне целта за намалена консумација на алкохол кај малолетниците. Единствено што се постигна – се ограничи, односно се намали бројот на трговци на мало кои одлучија да продолжат да продаваат алкохолни пијалаци во рамки на времето пропишано во Законот за трговија. Ваквата состојба ја намали продажбата на алкохолни пијалаци, особено продажбата на вино и пиво во земјата“, пишува во законското образложение.

В. М.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница