Ќе се формира заеднички економски комитет со Германија

Од:

На 23 ноември ќе се формира заедничкиот управувачки економски комитет со Сојузна Република Германија која е најголем трговски партнер на Македонија, најави денеска премиерот Зоран Заев на средбата со бизнисмените од Стопанската комора на Македонија.

Иницијативата за формирање ваков комитет е произлезена од официјалната средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со формирањето на комитетот се очекува сериозна помош и поддршка од Германија.

– Управувачкиот економски комитет што ќе го формираме има за цел Германија да испрати сериозна помош и поддршка. Ќе има и грантови и донации кои ќе стигнат од Германија, но сериозната поддршка значи и мегдан за отворање на нови пазари, рече Заев додавајќи дека годинава се очекува трговската размена со оваа европска држава да надмине четири милијарди евра.

Најави дека од Германија ќе пристигат двајца советници со искуства особено за дуелното образование.

Премиерот оцени дека економските трендови се добри и оти Македонија кон Германија и Грција бележи двоцифрени зголемувања на извозот во однос на увозот.

Би можело да ве интересира

Има интерес за инвестиции во електрани на обновливи извори, државата да создаде услови за реализација

Ана Ололовска

Стопанската комора бара веднаш да продолжи соработката со новата Влада

Ана Ололовска

КИФ со заеднички иницијативи за борба против корона кризата

Ана Ололовска

Јовановски: Се зголемува поддршката од компаниите за пошироката заедница

А1он

Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Ана Ололовска

Попривлечни работни места како еден од условите да се спречи одливот на квалификуван кадар

Ана Ололовска