Кинези го презедоа познатото лондонско такси

Од:

Познатото црно такси, еден од симболите на Лондон преминува во рацете на кинеската компанија „Гили холдинг груп“.

Компанијата која веќе е сопственик на шведскиот автомобил „Волво“, соопшти дека ја купила и британската фирма „Магазин бронз холдинг“ која е произведувач на познатото британско такси.

Кинеската компанија наведува дека ја купила британската фирма минатата година кога таа прогласила банкрот, за нешто повеќе од 11 милиони фунти.

„Гили“ компанијата е една од амбициозните кинески произведувачи на автомобили, кои се свртеа кон странските технологии и марки, за да го забрзаат својот развој.

– Одлучивме да го вратиме успехот на овој познат модел, изјави претседателот на „Гили“ Ли Шуфу.

Популарното црно такси „ТХ4“ ќе се произведува во фабрика, во англискиот град Ковентри.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски