Кинеска компанија ќе инвестира една милијарса евра во енергетски комплекс во Романија

Од:

Романскиот „Енергетски комплекс Олтенија“ потпиша историска спогодба со кинеската компанија „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ за создавање на компанија од мешан тим, а целта на спогодбата е изградба на енергетска група со моќност од 500 мегавати во градот Ровинари со инвестиција од една милијарда евра, пишува весникот „Романија либера“.

Меморандумот беше потпишан во владината палата „Викторија“ во присуство на премиерот Виктор Понта и министерот за економија Константин Ница од претседателот на  „Енергетски комплекс Олтенија“, Мауренциј Дан Чурел и претседателот на „Чајна Хуадајан Еџиниринг“, Јан Јон.

Кинескиот претставник посочи дека компанијата, која ја раководи ќе биде главен претприемач и инвеститор, а целта е спроведување на еден „висококвалитетен проект“.

Тој истакна дека  „Чајна Хуадајан Еџиниринг“ е заинтерсирана и за други енергетски проекти во Романија и оти во иднина планира да учествува во тие проекти.

Премиерот Виктор Понта од своја страна го поздрави создавањето на новата компанија со заеднички капитал и изјави дека Владата ќе ги поддржи сите инвестиции за развој и модернизација на производителите на термо, хидро и нуклеарната енергија.

Тој додаде дека оваа инвестиција, заедно со други романско-кинески проекти, кои треба да бидат спроведени, ќе достигнат вкупна вредност од седум милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски