Кина започна антидампинг истрага за виното од ЕУ

Од:

Кинеските власти започна антидампинг и антисубвенциска истрага за виното што во Кина се увезува од земјите на Европската Унија. Ваквото решение на Пекинг доаѓа само 24 часа по одлуката на Европската комисија да одобри антидампинг истрага за увозот на соларни панели од Кина.

Испитувањето за тоа дали некоја стока се нуди по дампинг цени се применува секогаш кога фирмите и компаниите ги продаваат своите производи под нивната вистиска вредност. ЕУ ги обвини кинеските производители на сончеви панели дека ги нарушуваат правилата за фер трговија, нанесувајќи им штета на цели сектори од европските производители.

Кина ги отфрла обвинувањето за дампинг цени на нејзините панели, но претставник на кинеското Министерство за трговија изјави денеска дека официјален Пекинг настојува да го разреши ова прашање низ дијалог. Тој побара од ЕУ да покаже „поголема флексибилност“ за изнаоѓање решение кое ке бид еприфатливо и за двете страни.

Во Пекинг нема објаснување до кога ќе трае испитувањето за тоа дали има дампинг кај европското вино и колкутоа е субвенционирано од земјите-произодители или од ЕУ.

Кина е најголем светски производител на сончеви панели. Во минатата година кинеските компании во ЕУ извезле вакви панели за сума од 21 милијарда евра.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски