Кина забрани увоз на месо од Бразил поради лош квалитет

Од:

Кинескте власти воведоа времена мерка – забрана за увоз на месо од Бразил поради слаб квалитет.

– Како најголем увозник на месо од Бразил, Кина изрази загриженост поради квалитетот на месото од Бразил, изјави Сун Џивен, портпарол на Министерството за трговија.

– Кинескте власти одлучија поради тоа да воведат мерка за забрана за увоз на месо од Бразил, доаде тој.

Во кинеските продавници веќе масовно се повлекува месо увезено од Бразил, јавуваат локални медиуми.

Бразилските власти соопштија минатата недела дека спроведуваат истрага за тоа дали владини лица се дел од криминална мрежа која овозможувала продажба на месо со изминат рок на употреба. Под истрага се 21 фабрика за преработка на месо, а 30 официјални лица се суспендирани од работа. Европската унија, Јужна Кореја и Чиле исто така забранија увоз на месо од Бразил.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Бразилската полиција спречи бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага

Горан Наумовски

Лејди Гага одржа бесплатен концерт во Рио де Жанеиро

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот