КИА најави сериозен конкурент на Голф ГТИ

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили КИА со гордост ги претстави првите нацрти од својот нов спортски модел, кој треба да биде сериозен конкурент на „Голф ГТИ“.

Компанијата неодамна официјално потврди дека работи на производство на „КИА Сид ГТ“ со три врати.

КИА ги објави и прелиминарните технички податоци за овој новитет.

Според тоа, „Про Сид“ и „Сид“ ќе имаат фабрички бензински агрегат со 1,6 литри зафатнина со директно вбризгување, двоен турбо-полнач и засилени внатрешни компоненти.

Моторот од 201 коњска сила моќноста ќе ја испорачува на предните тркала преку шестстепен мануелен менувач.

Дизајнот на новиот КИА ГТ модел во голем дел не е познат, но компанијата порачува дека моделот ќе има нова предна маска, нови предни светла, како и оригинални 18 инчни тркала на кои особено ќе се истакнуваат црвените диск сопирачки.

Во внатрешноста ќе има „Рикаро“ спортски седишта, додека командната табла и вратите ќе бидат изработени од најквалитетни материјали.

КИА ГТ моделите ќе се прозиведуваат во Словачка од мај, додека се очекува во продажба да се најде во текот на летото идната година, што значи дека својата премиера моделот ќе ја има на Саемот на автомобили во Женева.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска