КХВ даде дозвола за откуп на 50,01 отсто од „Единство“ АД Струмица

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 107- мата седница што се одржа денеска на лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на “Единство” АД Струмица.

Како што соопшти КХВ, понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од “Единство” АД Струмица, кои претставуваат 50,01 отсто од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 303 денари по акција.

Од Комисијата појаснуваат дека најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна изнесува 25,03 проценти од вкупниот број обични акции, со право на глас издадени од “Единство” АД Струмица. Во понудата се наведува дека преземачите Димитар Поповски и Иљо Кузманов би поседувале 75,02 отсто од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од “Единство” АД Струмица.

Понудата за преземање во име и за сметка на преземачите ја дава Одделот за работа со хартии од вредност при “ТТК Банка” АД Скопје.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Илјадници луѓе демонстрираа во Барселона за единството на Шпанија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска