Кавадаречките лозари ќе блокираат патишта, не се задоволни од продажбата на „Винеа“

Од:

Блокирање на патишта во понеделник поради незадоволство од продажбата на винарската визба „Винеа”, најави денеска регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.

Блокадата ќе трае од 13 до 15 часот.

– Ќе ја блокираме клучката на излезот од Росоман кон правците Скопје, Прилеп и Кавадарци поради незадоволство од случувањата во винарската визба „Винеа” во селото Паликура. Бараме поништување на купопродажниот договор со кој е продадена винарницата за над милион и 250 илјади евра бидејќи знаеме дека вреди многу повеќе. Имаме поднесено приговор на таквата одлука, истакна претседателот на „Агротиквешија” Љупчо Аризанов.

Блокадата ќе биде секојдневна, анејзиното времетраење постојано ќе се зголемува се до конечно решавање на случајот.

Лозарите од „Винеа” побаруваат над 600 илјади евра, се плашат дека од продажбата ќе биде исплатена банката, но не и тие.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Николовски на средба со претставници на лозарите од Тиквешијата: Обезбедуваме поддршка за секој лозар по хектар произведено грозје

Лозарите го блокираа патот Кавадарци – Неготино

Незадоволни лозари ќе протестираат в среда на регионалниот пат Неготино – Кавадарци

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски