Касперски: Пандемијата го пролонгира напредувањето на жените во ИТ

Од:

Речиси половина од жените кои работаат во технолошката индустрија (ИТ) оцениле дека пандемијата со Ковид-19 го одложило нивното напредување во кариерата, додека сличен процент истакнале дека потребната еднаквост на половите најверојатно ќе биде постигната со работа од далечина, покажуваат резултатите од истражувањето на компанијата Касперски.

Во анкетата на мултинационалната компанија за кибер безбедност под име „Каде сме сега? Разбирањето на еволуцијата на жените во технологијата“ се укажува дека речиси една третина од жените кои работат во ИТ преферираат да работат од дома.

Но, истражувањето покажува дека речиси една половина од жените кои работат во ИТ имаат проблеми со усогласување на деловниот и семејниот живот од март 2020 година. Тоа е најистакнато во Северна Америка, но претставува светски тренд.

Во извештајот на Касперски се истакнува дека иако на животот во изолација се гледа како можен поттик за достигнување на еднакви можности за половиѕе на ИТ позициите, се уште постојат општествени предрасуди што ја попречија промената во борбата за еднаквост на половите во ИТ.

Би можело да ве интересира

Македонец еден од победниците на 24тиот CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Предраг Петровиќ

Ковачевски: До 2023 намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашни 10 на 0 проценти

Ана Ололовска

„Синами“: Нова приказна во македонскиот ИТ ќе го освојува светскиот пазар

Ана Ололовска

Објавена листата на обуки за ИТ-вештини и нивни даватели, може да аплицираат млади до 29 години

Ана Ололовска

Дилемите од примената на Законот за ДДВ и одданочувањето на ИТ-услугите

Ана Ололовска

Познати и успешни жени од ИТ светот со охрабрувања за младите девојчиња да влезат во СТЕМ професиите

Ана Ололовска