Дилемите од примената на Законот за ДДВ и одданочувањето на ИТ-услугите

Од:

Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, денеска ќе одржи прес-конференција на тема: Автентично толкување на член 14 од Законот за данок на додадена вредност дадено од Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 16 Мај 2019.

Како што најавуваат од МАСИТ, потребата од автентичното толкување се појави поради проблемот со начинот на оданочувањето на најразлични видови ИТ, маркетинг, административни и слични услуги кои не беа соодветно третирани од аспект на член 14 од Законот за данок на додадена вредност.

-Придобивките од ова решение се и на страната на даночниот орган и на страната на стопанството. Конечно се надминуваат дилемите за местото на настанување на услугата и со тоа се прецизира ослободувањето од обврска за засметување ДДВ при извозот на ваков тип услуги, поточно кога истите се продаваат на компании кои немаат седиште во Македонија, наведуваат од МАСИТ.

Со овој проблем на дополнително задолжување со обврска за ДДВ претежно се соочуваа фирмите од ИТ индустријата како и останатите извозници на интелектуални услуги, посочуваат организаторите.

На прес-конференцијата најавено е учествуво меѓу другите и на Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, на Маријана Андриќ како претставник на МАСИТ и Никица Мојсоска Блажевски, Главен извршен директор на Македонија 2025.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Мицкоски: Им фалат пари во буџетот, затоа зголемуваат данок на основни производи

Ковачевски: И 10 отсто е повластена стапка, имаме најнизок ДДВ