Караван за адаптација на земјоделството на климатските промени

Од:

Во рамки на проектот на УСАИД за Адаптација на земјоделството кон климатските промени, имплементиран од Мрежата за рурален развој на Република Македонија во Богданци продолжува Караванот за климатски промени, кој во текот на мај и почетокот на јуни треба да посети шест рурални општини во Македонија.

Целта на оваа кампања е да допре до жителите од руралните средини за да ја зајакне нивната свест за предизвиците од очекуваните климатски промени и потребата од заедничко дејствување ниво на заедницата.

Се очекува на настанот да се обратат градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева и заменик директорот на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени Весела Ламбевска Домазетова.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, почна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија.

Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат на климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници