„Капитал банка“ издава прва корпоративна обврзница

Од:

Комисијата за хартии од вредност и даде одобрение на „Капитал банка“ АД Скопје да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи.

Станува збор за прва емисија на 1000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра. – Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива, појаснува КХВ.

Емисијата на обврзници на „Капитал банка“ се врши заради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката.

Купувачи на обврзниците од првата емисија се Алфа банка ЕАД од Софија која ќе откупи 90 проценти од понудените обврзници, како и инвестициските фондови КБ Публикум-балансиран и КБ Публикум- обврзници од Скопје со по пет проценти.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски