Каматите на кредитите и депозитите во август без промена

Од:

Каматните стапки и на кредитите и на депозитите во август годинава не забележуваат промена во однос на претходниот месец. Тие се задржаа на ниво од 5,9 отсто кај кредитите и 1,5 отсто кај депозитите, објави Народна банка на РМ.

Кај новоодобрените кредити просечната каматна стапка во август изнесувала 5,2 проценти при што е забележана надолна месечна промена од 0,2 процентни поени, додека каматната стапка кај новопримените депозити изнесувала 1,3 отсто при што е забележан месечен раст од 0,1 процентен поен.

Податоците на НБРМ покажуваат дека каматната стапка кај вкупните кредити на корпоративниот сектор во август е без промена на месечно ниво и изнесува 5,4 процент, но на годишна основа кај оваа каматна стапка е забележан пад за 0,7 проценти поени.

Новите кредити одобрени на корпоративниот сектор од страна на банките и штедилниците биле со просечна каматна стапка од 5 проценти, и таа е пониска за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец. При тоа месечно намалување е евидентирано кај каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула за 0,3 процентни поени, при раст на каматната стапка на кредитите во странска валута за 0,5 процентни поени. Споредено со август минатата година оваа каматна стапка е пониска за 0,8 процентен поен.

Во август е забележано минимално намалување од 0,1 процентен поен на каматната стапка на вкупните примени депозити од корпоративниот сектор. Каматната стапка изнесува 1,8 процнети, а на годишно ниво таа бележи намалување од 0,2 процентни поени.

Новопримените депозити на корпоративниот сектор во август се со непроменета каматна стапка во однос на претходниот месец на ниво од 1 отсто, но споредено со август 2016 година бележи раст од 0,1 процентен поен.

Кај домаќинствата вкупните кредитите се одобрувани со просечна каматна стапка на ниво од 6,5 проценти што е четврт последователен месец со ваква каматна стапка. на годишна основа оваа каматна стапка е пониска за 0,2 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новите кредити на домаќинствата е на ниво од 5,7 проценти и забележува промена на месечно ниво, но на годишна основа има намалување од 0,3 проценти поени.

Депозитите кај домаќинствата во август, според објавените податоци, биле со каматна стапка од 1,5 проценти и не бележат промена пет месеци последователно, додека на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад од 0,3 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата изнесува 1,5 проценти и бележи месечен раст од 0,2 процентни поени. Зголемувањето, како што појаснуваат, произлегува од растот кај денарските депозити без валутна клаузаула и депозитите во странска валута за 0,1 процентен поен. Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,2 процентни поени.

Во август годинава одобрените кредити бележат минимално месечно зголемување. Кај домаќинствата има зголемување од 0,2 отсто, а кај корпоративниот сектор има намалување од 0,2 проценти. Кај домаќинствата најзастапени биле потрошувачките и станбените.

Депозитите на домаќинствата, во август регистрираат месечен раст од 0,6 отсто, што во најголем дел е предизвикан од растот на депозитите во странска валута. На годишна основа, депозитите на домаќинствата бележат зголемување од 5,7 отсто при раст и на денарските и на девизните депозити со позначителен придонес на депозитите примени во денари имаат придонес кон растот од 58,1 отсто.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пратениците на ДПМНЕ не гласаа за укинување на каматите и трошоците за брзите кредити

Предраг Петровиќ

Крај на огромните камати – мнозинството предводено од СДСМ ги усвои измените на законите за извршување и облигациони односи

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

Вицегувернерката Нацевска: Стабилноста на денарот и мерките на Народната банка креираат простор за раст на денарското штедење

Предраг Петровиќ

Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот, усвоени измените на Законот за облигациони односи

Просечната каматна стапка во март бележи намалување кај вкупните кредити и депозити

Жарко Настоски