КАФКАССАМ: „Турски поток“ ќе ги засили руско-турските односи

Од:

Изградбата на гасоводот „Турски поток“ ќе придонесе за засилување на руско-турските односи и ќе ги зајакне позициите на двете земји, смета аналитичарот на анкарскиот Кавкаски центар за стртегиски истражувања (КАФКАССАМ), Чагтај Балџи.

Тој во изјава за агенцијата Тренд оцени дека ваквите односи меѓу Русија и Турција ќе претставуваат важна порака за Европа.

– Проектот ќе ја зајакне турската позиција и ќе ја намали улогата на Иран како снабдувач, создавајќи конкуренција на пазарот, смета Балџи.

Според него, „Турскиот поток“ и „Јужниот гасен коридор“ ќе бидат клучни проекти за снабдување со гас на Европа, што ќе обезбедат и поповолни цени на енергенсот.

Во октомври минатата година Русија и Турција потпишаа меѓувладин договор за изградба на гасоводот „Турски Поток“ од рускиот црноморски брег, преку дното на Црното Море, до северозападна Турција.

Предвидено е овој проект да се надоврзе на турскиот „Трансанадолиски гасовод“ (ТАНАП) до грчко-турската граница и понатаму на „Трансјадранскиот гасовод“ (ТАП) од Грција преку Албанија и Јадранското Море до Италија, како целина на „Јужниот гасен коридор“.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација