Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, раст од 10,9 отсто, следува раст на платите во сите сектори

Од:

Според последните податоци на државниот завод за статистика процечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година рече на прес конфренција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Во изминатите 4,5 години двојно ја зголемивме минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра . Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори. Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита. Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто. Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари. Пензиите во последните четири и пол години се зголемени за над 2.000 денари, а од септември, благодарение на новата методологија, следува ново историско покачување на пензиите. Во рамките на нашите заложби за заштита на стандардот на граѓаните, секој пензионер со мартовската, априлската и мајската пезнија доби по 1.000 денари помош рече Каевски.

Би можело да ве интересира

Зечевиќ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја прифати подадената рака

Ковачевски свика итни седници на Централниот и Извршниот одбор по лидерската средба со Мицкоски

Катерина Павлова-Николовска

Кузеска: Нови околности откако ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени и учество во Владата

Катерина Павлова-Николовска

Костадиновска – Стојчевска: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не се против уставните измени

Горан Наумовски

СДСМ: Денеска ќе биде јасно што одлучил Мицкоски, ЕУ или останува во заложништво на Левица

Ана Ололовска

Битиќи: Имаме силна поддршката од САД и цела Европа за нашите следни чекори за членство во ЕУ