Каевски: Платите и пензиите растат, цените на основните продукти паѓаат

Од:

Од овој месец минималната плата се зголемува на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе во однос на досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари. Исто така од овој месец рекордно ги зголемуваме пензиите рече на прес конференција пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Согласно новата методологија пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се зголемува за околу 1.500 денари. Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука за замрзнување, односно намалување на цените на дел од прехранбените производи. Цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. Од пред некој ден намалени се цените на тестенините за 15 отсто, а цените на млекото и млечните производи се намалени за 10 отсто. Во периодов се прават анализи за намалување на цените на други основни продукти како јајцата, шеќерот, овошјето и зеленчукот вели Каевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

СДСМ: Делницата Тетово – Гостивар ја разоткри целата хипокризија, дволичност и лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски