Јужносуданската нафта повторно транзитно протече низ Судан

Од:

Суровата нафта, која се добива од јужносуданските наоѓалишта, повторно транзитно протече преку Судан, по прекинот кој траеше повеќе од една година и кој предизвика големи загуби вредни повеќе милијарди за двете страни, соопшти суданското Министерство за нафта.

Првите доставки на црно злато пристигнаа вчера на суданска територија, изјави помошникот-министер во Министерството Авад Абдул Фатах.

Тој истакна дека засега станува збор за мало количество, кое е пуштено пред се за да се провери функционерањето на системот.

Во март Џуба и Картум постигнаа спогодба за обновување на транзитот на јужносуданска нафта преку територијата на Судан. Главен купувач на оваа нафта е Кина. Јужен Судан произведува во просек 350 илјади барели дневно.

Јужен Судан, кој се отцепи од Судан во летото 2011 година, доби околу 75 проценти од нафтените наоѓалишта, а Картум го доби извозниот нафтоводен систем.

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста