Јункер: Трговска војна не би била добра ниту за Европа, ниту за САД

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер предупреди денеска дека трговска војна меѓу САД и Европа не би била добра ниту за една страна.

Тој, исто така, истакна дека „протекционистичките коментари“ од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сфатат сериозно.

– Трговска војна не би била во интерес ниту за Европа, ниту за САД, нагласи Јункер во интервју за весникот „Билд ам Зонтаг“, одговарајќи на прашањето дали Европа би можела да поднесе трговска војна со САД.

Американскиот министер за финансии Стивен Менучин истакна дека администрацијата на Трамп нема желба да влегува во трговски војни, но порача дека треба да се преиспитаат некои трговски односи, со цел да бидат поправедни.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки