Јункер пред Европарламентот: Моја желба е да се избегне „грекзит“

Од:

Претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер зборувајќи пред Европскиот парламент по извештајот на летонското претседателство со ЕУ, нагласи дека сака да се избегне сценариото на „грекзит“, односно излез на Грција од еврозоната, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Моја волја, моја желба е за да се избегне „грекзит“. Време е да се најдеме на преговарачка маса, изјави Јункер.

Тој рече дека Европската комисија работи на повторно отворање преговори со Грција, додавајќи дека по победата на „не“ на референдумот во неделата. топката сега е на грчката страна и Атина треба да објасни како може да се реши кризата.

Јункер истакна дека Европската комисија ќе направи се за да се постигне договор, нагласувајќи дека таа треба да се грижи за интерсите на целата еврозона и за волјата „изразена од сите други 18 демократии, бидејќи Грција е само една од 19-те демократии на еврозоната“.

– Не треба да се заборави на Грција, но не треба да се заборави ниту на другите земји, рече Јункер пред Европскиот парламент.

Обвинет од еден италијански европратеник од редовите на евроскптиците дека не внинмава што зборуваат тие и дека цело време гледа во својот мобилен телефон, Јункер одговори дека треба да се прекине со демагогијата и дека тој разменува текстуални пораки со грчкиот премиер во врска на вечерашниот самит.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент