Јункер: Прашањето за реструктуирање на грчкиот долг може да биде разгледано во октомври

Од:

Прашањето за реструктуирање на грчкиот долг може да биде разгледано во октомври, ако пред тоа биде изработена нова програма за помош на Грција, во рамки на Европскиот стабилизациски механизам, изјави по средбата на лидерите на еврозоната претседателот на ЕК Жан Клод-Јункер.

– Тоа прашање може да биде разгледано, ако до тој момент семјата ги исполни сите основни задолженија за кредиторите, рече Јункер.

Грција бара да и бидат простени 30 проценти од задолженијата и да се продолжат роковите за исплата на преостанатиот дел од нив.

Долговите на Атина изнесуваат 315 милијарди евра – над 175 проценти од БДП на земјата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски