Јункер: Излез на Грција од еврозоната не е опција

Од:

Излез на Грција од еврозоната не е опција, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во говор на Универзитетот во Лувен во Белгија, додавајќи дека тоа ќе предизвика „значајни опасности во Европа“.

Како што се пренесува во Грција, Јункер, исто така, се осврнал и на обврските на Атина кон еврозоната и потребата за солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ.

– Грција направи грешки во минатото. Владата на Андонис Самарас ги направи вистинските чекори и оние кои се сомневаа во тие чекори победија на изборите и сега се соочуваат со нивните предизбони ветувања, рече Јункер.

Претседателот на ЕК истакна дека тој најмногу е загрижен за грчките граѓани, а не за Владата. Според него, никој нема право да му се обраќа на грчкиот народ како да е запоставен дел од Европа, туку треба да се покаже солидарност.

– Атина мора да преземе големи чекори во наша насока, а ние мора да бидеме подготвени да одговориме на соодветен начин на чекорите, подвлече Јункер.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски