Јункер: Еврокомисијата ќе ја преиспита програмата за помош на Грција

Од:

Европската комисија ќе пристапи кон преиспитување на програмата за финансиска помош на Грција, најави синоќа претседателот на извршното тело на ЕУ, Жан-Клод Јункер.

– Монгу се радувам што премиерот на Грција, Алексис Ципрас и претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум се согласија дека е потребно детално преиспитување на програмата и на новите идеи на грчката Влада, изјави Јункер.

Според првиот човек Еврокомисијата, како што јави ТАСС, ЕУ и Атина треба да најдат „заеднички пристап“ кон финансиската ситуација во Грција.

Преседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, од своја страна, соопшти дека на синоќешниот Самит во Брисел, лидерите на ЕУ не преговарале со Ципрас за прашања поврзани со економските проблеми на Грција.

– Лидерите не започнаа преговори за Грција, изјави Туск на прес-конференција по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски