Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека донел одлука кинескиот јуан од денеска да биде вклучен како петта валута во неговата „валутна кошница“, врз основа на која се определува курсот на специјалните права на извлекување на Фондот.
Досега „валутната кошница“ на ММФ ја сочинуваа американскиот долар, еврото, јапонскиот јен и британската фунта.
Со новиот сооднос на силите меѓу валутите што ги утврди Советот на директори на ММФ, доларот во „кошницата“ учествува со 41,73 отсто, еврото со 30,93 проценти, јуанот со 10,92, јенот со 8,33, а фунтата со 8,09 отсто.
Овие проценти не се фиксни и варираат во зависност од промената на курсот на секоја од валутите.
Следното преразгледување на составот на „валутната кошница“ на ММФ е предвидено за по пет години,
Директорката на ММФ, Кристин Лагард оцени дека вклучувањето на јунаот во „валутната кошница“ претставува „важен и историски чекор“ за меѓународиниот финансиски систем.
– Тоа претставува признание за напредокот на Кина во реформите на нејзината валута и на финансискиот систем, нагласи Лагард.