Јовановски: Со аргументирани укажувања ја натеравме Владата да се коригира

Од:

„За 2013 година Владата предвидува економски раст од 2 проценти. Ова е победа за СДСМ, бидејќи успеа со аргументирани укажувања во текот на годинава да ја натера Владата да се коригира и да излезе со многу пореална претпоставка во споредба со 2012 година.

– Истовремено, се потврди дека катастрофалната ланска владина проекција за економски раст од 4,5 проценти во 2012 година, а  годината ќе заврши со раст околу нулата, беше обична манипулација“, изјави потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.

„За 2013 година Владата предвидува пораст на трошоците на животот за 3,5 проценти. Имајќи предвид дека основицата за споредба е веќе висока од годинава, порастот за 2013 година е релативно висок. Ако се знае колку големо е учеството на храната и основните животни продукти во индексот на трошоците на живот, може да се заклучи дека животниот стандард на граѓаните и во 2013 година ќе продолжи да се намалува. Она што очигледно ќе се зголеми во 2013 година е дупката во буџетот, и тоа за цели 40 проценти, од 2,5 проценти на 3,5 проценти.

– Тоа е дел од фактурата за владиниот проект „Скопје 2014“, а Владата за враќање на свои стари долгови ќе направи нови долгови кон странство. Наместо “Скопје 2014“, да направеше Владата 250 километри автопат или да направеше гасификација на земјата, денес ќе зборувавме за повисоки стапки на економски раст и сѐ ќе изгледаше подобро“, вели Јовановски.

Тој тврди дека дека Владата повторно го игнорира предлогот на СДСМ на секое семејство во Република Македонија во кое никој не работи, да му се даде ваучер од 2 илјади денари за купување на македонски прехранбени производи за да може тоа семејство барем малку полесно да ги преживее овие тешки времиња.

– Со буџетот Владата им порача на сите во Република Македонија дека во 2013 година ништо суштински нема да се подобри во македонската економија, а животниот стандард на граѓаните ќе продолжи да се намалува – вели Јовановски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје