Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Од:

Велика Британија минатиот месец позајми 13,7 милијарди фунти, со што нејзиниот национален долг достигна 100 отсто од бруто домашниот производ (БДП), објави денеска британската Канцеларија за национална статистика (ONS).

Нето долгот на јавниот сектор во Обединетото Кралство (без банките од јавниот сектор) беше проценет на крајот на август на 2,768 трилиони фунти или 100 отсто од БДП, пишува Гардијан.

Јавниот долг на Британија се зголеми за 4,3 отсто во споредба со минатата година и сега е највисок од почетокот на 1960-тите.

Ако од пресметката се исклучи влијанието на стимулативната програма на Банката на Англија, јавниот долг на Велика Британија е нешто помал и изнесува 2,546 трилиони фунти или приближно 92 отсто од БДП.

Британскиот весник наведува дека министерката за финансии Рејчел Ривс би можела да го промени начинот на пресметување на долгот, така што влијанието на програмата на Банката на Англија ќе е исклучена од пресметката.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски