Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Од:

Поради слабата домашна потрошувачка, Јапонија падна во рецесија и ја загуби позицијата на трета по големина економија во светот, која сега е преземена од Германија. Бруто домашниот производ е намален за 0,4 отсто во последните три месеци од 2023 година, соопштија денеска властите. Во претходниот квартал економијата падна за 3,3%. Секој благ пад на реалниот бруто национален производ во два или повеќе последователни квартали се смета за рецесија.

Економистите всушност очекуваа новите податоци да покажат пораст на БДП на Јапонија за повеќе од 1%. Од друга страна, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во октомври прогнозираше дека Германија веројатно ќе ја престигне Јапонија и ќе стане трета по големина економија во светот.

Економистот Нил Њуман за Би-Би-Си изјави дека најновите податоци покажуваат дека во 2023 година, јапонската економија вредела околу 4,2 трилиони долари, а германската економија 4,4 трилиони долари.

„Ова се должи на слабоста на јапонската валута во однос на доларот и доколку јенот закрепне, земјата би можела да го врати третото место“, додаде Њуман. Поради најновите податоци, јапонската централна банка би можела дополнително да ја одложи долгоочекуваната одлука за зголемување на трошоците за задолжување.

Би можело да ве интересира

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД