Јапонија излезе од рецесија, раст на БДП од пет отсто во третиот квартал

Од:

Јапонскиот бруто домашен производ се зголеми за пет проценти во периодот меѓу јули и септември во споредба со претходниот квартал, што е повеќе од очекуваното и претставува излез на земјата од рецесија по три последователни квартали пад на економската активност.

Падот на економската активност во Јапонија, третата по големина светска економија, започна во четвртиот квартал на 2019 година, со пад од 1,8 проценти и го продолжи трендот на опаѓање, со пад од 0,6 проценти во првиот квартал на 2020 година и потоа забележа историски пад во вториот квартал оваа година од 8,2 проценти, според ревидираните податоци.

Јапонија на тој начин ја забележа својата прва рецесија од 2015 година, што се дефинира со пад на економската активност во два последователни квартали.

Растот на БДП во третиот квартал, од јули до септември, главно беше поттикнат од потрошувачката на домаќинствата, која се намали во вториот квартал поради вонредната состојба воведена во април и мај во обид да се спречи ширењето на пандемијата Ковид-19.

Извозот, исто така, нагло скокна со олабавувањето или укинувањето на ограничувањата наметнати од повеќе земји во врска со новиот коронавирус.

Сепак, инвестициите сè уште опаѓаат, а мотивацијата на јапонските претприемачи е мала.

Постои ризик економскиот раст на Јапонија да ослабне во четвртиот квартал, а враќањето на нивото пред вирусот може да трае три години, велат економските аналитичари.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија