Јаќимовски: Не ја повлекуваме иницијативата за уставноста на мораториумот за градба

Од:

Управниот одбор на Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија едногласно одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градење во општина Центар заради тоа што мораториумот не е во согласност со закон и Устав, изјави денеска Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора, во коментар на неодамнешната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Центар.

Иницијативата до Уставен суд, појасни, е резултат на тоа што во изминатите 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општина Центар со цел да ги доставиме нашите аргументи дека ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

– Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност, на иницијатива на Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

СГИП и Здружение на градежништво: Скоро две милјарди евра ќе се одлеат на странски компании, домашниот сектор е пред затворање

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“