Јаболкопроизводителите со барања до Министерството за земјоделство

Од:

Продолжување на рокот за субвенции од три денари по килограм продадено индустриско јаболко до 30 јуни идната година, финансиска помош од 100.000 денари по хектар за јаболкови насади и заштита на домашното производство, се дел од барањата на Преспанските јаболкопроизводители што денеска ги испратија до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставници на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски и побараа итна средба со министерот, односно заменикот министер за земјоделство во најкус рок.

– Петте клучни барања денеска по средбата со градоначалникот ги доставивме до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде очекуваме средба најдоцна до крајот на неделата, истакна Љубе Пампулевски, претседател на здружението „Благој Котларски“.

Тој нагласи дека одлучиле да одат чекор по чекор, но доколку институциите не им излезат во пресрет за исполнување на барањата најави порасдикални мерки.

– Ќе одиме чекор по чекор. Прво да ги испочитуваме институциите, па потоа ќе преземеме порадикални мерки. Се надеваме на поддршка од Владата за исполнување на нашите барања, изјави Пампулевски по средбата со градоначалникот.

Јаболкопроизводителите, меѓу другото, бараат одговор до каде е постапката за одобрените три денари субвенција за предадено индустриско јаболко, информација за исплата на штети од елементарни непогоди за 2016, 2017 и 2018 година, како и заштита на домашното производство, односно да не се увезува земјоделска култура додека не се продаде домашното.

Ваквите барања се поради ниските откупни цени и немањето пласман на трпезното јаболко, како и големите количини индустриско јаболко, кои останале на нивите.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Николовски: Дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници, нова субвенција од 3.000 денари по маторица

А1он

Субвенциите за полјоделски култури исплатени

Драган Поповски

Министерство за земјоделство: За две и пол години исплатени 314,5 милиони евра субвенции за земјоделците

Николовски: Родот скапува по нивите, Владата и министерот Цветков се кријат

А1он